3.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Јокиќ шоу во градот на Елвис Присли, Детроит во шампионски ритам (Видео)

Победата на Детроит над Индијана од 122-117 ја одбележа вечерта во НБА-лигата затоа што за Клиповите тоа е 13-тиот триумф по ред, што е изедначување на клупски рекорд.

Детроит вакви серии имал само уште во 1989/1990 и 2003/2004, кога стана шампион. Во моментов квотата во Sport Life за титула на Пистонс, кој е лидер на Истокот, е 40.0.

Добро игра и Торонто кој има осум победи по ред, а Тајлер Хиро на својот прв меч сеонава адде 24 поени и го предводеше Мајами до победа над Далас.

Никола Јокиќ направи трипл-дабл со 17 поени, 10 скока и 16 асистенции, носејќи го Денвер до победа на гости кај Мемфис од 125-115. Јокиќ имаше и два потега кои ќе бидат во топ 10 на вечерта, тоа беа тројка од половина терен и атрактивна асистенција од зад грб.

Ова е тројката на Јокиќ која не ја прослави, тоа за него е нешто најнормално:

- Оглас -

Најнови вести