Актуелниот НБА-шампион, екипата на Денвер нагетс, се врати на врвот на Западната конференција откако на домашен терен го совлада Сан Антонио со 110-105. Најзаслужен за победата беше Никола Јокиќ со 42 поени, на кои додаде и 16 скока и шест асистенции. Победникот беше решен во самиот финиш од мечот, во кој се влезе со нерешени 105-105, но домашната серија од 5-0 беше доволна за победа.
Одлична партија синоќа имаше и Лука Дончиќ, кој дојде до трипл-дабл ефект од 30 поени, 12 скока и 11 асистенции, но тоа не беше доволно за победа на Далас маверикс, кој загуби со 104-100 на гостувањето кај Голден стејт. И на овој натпревар победникот беше решен во самиот финиш, откако на резултат 92-92, домашните направија серија од 8-0, а гостите иако се обидоа резултатски да се вратат, сепак не успеаја да направат комплетен пресврт.
Резултати:
Торонто – ЛА лејкерс 111-128
Вашингтон – Милвоки 117-113
Мајами – Њујорк 109-99
Филаделфија – Оклахома 109-105
Минесота – Хјустон 113-106
Денвер – Сан Антонио 110-105
Јута – Кливленд 113-129
Голден стејт – Далас 104-100
Сакраменто – ЛА клиперс 109-95