Јокиќ со историски трипл-дабл, Дончиќ имаше страв дека има потрес на мозокот, а потоа се врати и блесна (Видео)

Неколку часа пред почетокот на мечот меѓу Њу Орлеанс, навивачите на Денвер беа уплашени дека Никола Јокиќ може да го пропушти натпреварот поради повреда на раката. Сепак, Јокиќ не само што играше, туку беше и незадржлив.

Србинот на крајот заврши со 35 поени, 14 скока и 12 асистенции, со што дојде до 108 трипл-дабл во кариерата. Со овој трипл-дабл, Јокиќ ги надмина Леброн Џејмс и Џејсон Кид на вечната листа и сега има само тројца кошаркари во историјата со повеќе трипл-дабл учиноци од центарот на Денвер. Пред него се само рекордерот Расел Вестбрук (198), потоа  Оскар Робертсон (181) и Меџик Џонсон (138).

Втората балканска суперѕвезда во НБА, Лука Дончиќ, имаше драматичен меч. Немаше многу возбудувања околу конечниот резултат бидејќи Лука со Далас победи убедливо со 117:102 против Орландо, но Словенецот во еден момент беше под потенцијална можност да има потрес на мозокот.

Во третата четвртина, Дончиќ во еден напад се лизна и падна, а со главата удри директно во коленото на противничкиот играч. Словенецот излезе од игра за да му биде направен тест за можен потрес на мозокот.

Кога беше потврдено дека нема ништо опасно, Дончиќ се врати на теренот и одигра фантастична последна четвртина во која постигна 12 од неговите 29 поени на оваа средба.

 

Резултати: Детроит – Голден Стејт 109:120, Индијана – Сан Антонио 152:111, Орландо – Далас 102:117, Филаделфија – Вашингтон 146:128, Бруклин – Милвоки 125:129, Мајами – Лос Анџелес лејкерс 108:107, Њујорк – ЛА клиперс 111:97, Чикаго – Јута 130:113, Хјустон – Сакраменто 122:97, 114:109, Оклахома – Аталанта 126:117, Денвер – Њу Орлеанс 134:116.

- Оглас -

Најнови вести