Јокиќ со нов монструозен трипл-дабл, сега само еден играч во историјата е пред него

Актуелниот НБА-првак, Денвер нагерс го претрпе вториот пораз сезонава откако на гостувањето кај Хјустон, резултатот на крајот беше 107:104 во корист на домаќините. И покрај поразот на Денвер, повторно главна приказна е Никола Јокиќ. Српскиот центар одигра феноменален меч и на крајот заврши со, како што велат Американците, „монструозен трипл-дабл“.

Тоа се оние натпревари на коишто кошаркарот има 35+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции. Јокиќ на крајот имаше 36 поени, 21 скок и 11 асистенции. Ова е трет ат во кариерта Србинот да има ваков неверојатен биланс и се израмни со Елгин Бејлор, оставајќи ги зад себе Оскар Робертсон и Карим Абдул-Џабар. Пред Јокиќ сега е само Вилт Чемберлен со 11 такви меча.

Колку за споредба, во последните 10 години во НБА сите останати играчи заедно немаат одиграни три средби со вакви бројки.

Ова е и 10-ти натпревар во кариерата на Јокиќ на кој има 35+ поени, 15+ скока и 10+ асистенции и е само трет кошаркар во историјата на НБА со двоцифрен број мечеви со такви бројки зад себе. Пред него единствено се Оскар Робертсон со 29 меча со таков скор и Вилт Челберлен со 20 натпревари.

Резултати од ноќеска одиграните натпревари во НБА: Филаделфија – Индијана 137:126, Чикаго – Детроит 119:108, Њу Орлеанс – Далас 124:136, Сан Антонио – Мајами 113:118, Феникс – Оклахома 99:111, Голден стејт – Минесота 110:116, ЛА лејкерс – Портланд 116:110.

 

- Оглас -

Најнови вести