Јокиќ со нов трипл-дабл му донесе победа на Денвер, победи за Далас и Милвоки (Видео)

Денвер славеше победа над Филаделфија со 116-11 во дербито на вечерта. Најзаслужен за победата беше Никола Јокиќ со нов трип-дабл, во кој запиша 25 поени, 17 скока и 12 асистенции. Гостите настапија без Ембид и Харден и поразот не е никакво изненадување.

Денвер одлично го отвори натпреварот и само по неколку минути веќе имаа предност од 23-13. Сепак, Филаделфија се врати, успеа да намали само на поен разлика. Клучниот период од натпреварот беше на стартот на второто полувреме, кога Денвер направи серија од 22-2 и го реши победникот на овој натпревар.

Далас забележа убедлива победа на гостински терен против Индијана од 127-104 и остана со минимални шанси за пласман во плејофот. На овој натпревар неизвесност имаше само во првата четвртина, но на стартот од вториот период Далас со серија од 16-2 ја најави победата, а предноста во продолжение постојано растеше, на моменти и на +30 во корист на Далас. Словенечкиот репрезентативес Дончиќ мечот го заврши со 25 поени.

Иако ослабен, без неколку клучни кошаркари, победа забележа и Милвоки над аутсајдерот Детроит со 126-117. Победи забележаа и Њујорк и Феникс, над Хјустон, односно Јута.

Резултати: Детроит – Милвоки 117-126, Индијана – Далас 104-127, Њујорк – Хјустон 137-115, Јута – Феникс 103-117, Денвер – Филаделфија 116-111, Портланд – Њу Орлеанс 90-124, Сакраменто – Минесота 115-119, ЛА клиперс – Чикаго 124-112

- Оглас -

Најнови вести