На НБА-терените во неделната програма беа одиграни пет натпревари, а повторно своја вечер имаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој доминираше против Портланд трејлблејзерс.
Неговиот Денвер го совлада Портланд со 128-112. Во овој дуел немаше многу драма и победникот беше решен многу пред последната четвртина.
Иако не играше до крајни граници, Јокиќ и во таква ситуација успеа да запише трипл-дабл. Постигна 22 поени, а имаше и по 14 скокови и асистенции, со што уште еднаш го понесе епитетот играч на натпреварот.
Му помогна и Џамал Мареј исто така со 22 поена, додека кај гостите Дени Авдија забележа 23 поени, 14 асистенции и шест скока.
Бостон селтикс доживеа целосно неочекуван пораз на домашен терен од Минесота тимбервулвс со 92-102.
Изненадување се случи и на дуелот меѓу Феникс санс и Торонто репторс, кој им припадна на домаќините со 120-98. Најмногу драма имаше во пресметката меѓу Сакраменто кингс и Бруклин нетс, кој заврши со победа на домаќините од 126-122, додека најубедлив беше Њујорк никс, кој го прегази Вашингтон визардс со 145-113.
НБА резултати: Денвер – Портланд 128-112, Сакраменто – Бруклин 126-122, Њујорк – Вашингтон 145-113, Бостон – Минесота 92-102, Феникс – Торонто 120-98.

