Кошаркарите на Денвер дојдоа и до петтата победа по ред, односно осма оваа сезона во НБА лигата, откако славеа на гостувањето кај Сакраменто со 108-122. Повторно најзаслужен за победата беше Никола Јокиќ, кој иако не успеа да дојде до трипл-дабл ефект, сепак со 35 поени, 15 скока и седум асистенции, беше предводник на Нагетси.
Драматичен меч одиграа Филаделфија и Бостон. Домашните со пеколен финиш успеаја да направат пресврт и да слават со 102-100, иако гостите го презедоа водството кон крајот на третата четвртина и беа многу блиску до победата.
Резултати:
Бруклин – Торонто 109-119
Њујорк – Мемфис 133-120
Оклахома – Голден стејт 126-102
Филаделфија – Бостон 102-100
Јута – Индијана 152-128
Сакраменто – Денвер 108-122

