Никола Јокиќ е можеби најдобриот кошаркар на денешицата, а тоа го потврдува со добивањето на МВП наградите во НБА лигата. Србинот освен што блеска во најсилната лига во светот, туку се покажа и како вистински предводник на националниот тим на Србија.
Србите го освоија бронзениот медал на Летните олимписки игри во Париз, а играчите славеа затоа што беа на посиумот наменет за трите најдобри селекции. Освен бронзените медали, како уште еден спомен за кошаркарите ќе им биде и часовникот кој на сите кошаркари како изненадување им го понуди Јокиќ.
Српскиот центар одлучил да им подари по еден часовник „Ролекс“, за кој се верува дека има вредност од 29.000 евра. Според тоа, Јокиќ потрошил околу 320.000 за да им подели подароци на своите соиграчи кои беа во составот на Игрите во Париз.
Јокиќ е еден од најскапоплатените кошаркари во светот, а по новиот договор кој треба да стартува деновиве, ќе ја продолжи верноста кон Далас и ќе заработи 309 милиони евра, што ќе го направи најскап кошаркар во историјата.