Сите 30 екипи од НБА-лигата ноќеска истрчаа на паркетот и играа натпревар во предизборното лудило во САД, нешто што ретко се случува. Домашните екипи беа поуспешни со девет победи, наспроти шесте на гостите.
Никола Јокиќ со својот 133-ти трипл-дабл во кариерата беше предводник на Денвер во минималната победа над Торонто од 121-119. Нагетси ја добија само последната четвртина, но и таа беше доволна за победата откако Србинот со фантастичен ефект од 28 поени, 14 скока и 13 асистенции успеа да извлече победа за својата екипа.
Далас загуби од Индијата со 127-134, и тоа пред сè поради лошата последна четвртина, иако Лука Дончиќ имаше одлични бројки зад своето име, но сепак и тоа не беше доволно за победата. Словенечкиот репрезентативец постигна 34 поени, а имаше и седум скока и 15 асистенции.
Резултати:
Кливленд – Милвоки 116-114
Вашингтон – Голден стејт 112-125
Детроит – ЛА лејкерс 115-103
Атланта – Бостон 93-123
Бруклин – Мемфис 106-104
Мајами – Сакраменто 110-111
Чикаго – Јута 126-135
Хјустон – Њујорк 109-97
Минесота – Шарлот 114-93
Оклахома – Орландо 102-86
Њу Орлеанс – Портланд 100-118
Далас – Индијана 127-134
Денвер – Торонто 121-119
Феникс – Филаделфија 118-116
ЛА клиперс – Сан Антонио 113-104