Никола Јокиќ враќањето на соиграчот Џамал Мареј на терените по повредата го прослави со седмиот трипл-дабл сезонава и 112-ти во кариерата за победа на неговиот Денвер нагетс од 134:124 над Хјустон рокитс.
Иако го прескокна преходниот меч поради болки во грбот, Јокиќ сепак се појави на теренот и одигра фантастично остварувајќи трипл-дабл од 32 поена, 10 скока и 15 асистенции. Одлична партија одигра и Мајкл Портер јуниор, кој сезонава постигна рекордни 30 поени.
Денвер постојано имаше водство, а уште во првата четвртина дојде до 32:13 и го контролираше резултатот. Кај Хјустон најдобри беа Џејлен Грин со 26 и Алперен Шенгун со 22 поена.
ЛА лејкерс го совладаа најслабиот тим во НБА-лигата, Детроит пистонс, со 133:107 и се рехабилитираа од најубедливиот пораз откако Леброн е дел од тимот (Филаделфија вчера победи со 138:94). Лејкерси дилемите околу победникот ги решија уште во првата четвртина, кога направија предност од 19 поени, а во третата четвртина дојдоа и до плус 30. Деанџело Расел до 35 поени ја предводеше листата на стрелци кај ЛА лејкерс, каде што се истакна и Ентони Дејвис со 28 поени и 16 скока.
Зајон Вилијамсон со 33 поени го предводеше својот тим Њу Орлеанс пеликанс во победата од 124:114 над Филаделфија, која играше без својот најдобар играч Џоел Ембид.
Резултати: Детроит – ЛА лејкерс 107:133, Орландо – Вашингтон 139:120, Торонто – Феникс 112:105, Мемфис – Јута 105:91, Њу Орлеанс – Филаделфија 124:114, Денвер – Хјустон 134:124, Сакраменто – ЛА клиперс 117:131.