19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Јокиќ: Среќен сум со мали победи, најважно во животот ми е кога ја слушам ќерка ми како се смее како луда  (Видео)

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, за време на олстар-викендот кој се одржа во Индијанаполис имаше интервју за „Алтитуд спорт“ во кое зборуваше за бројни кошаркарски теми, но и за семејството, за љубовта кон коњите и за неговиот роденден.

Јокиќ вчера го прослави неговиот 29-ти роденден и тоа го искористи да се пошегува.

„Мислиш дека 29 е само број, но не е. Мислам дека кога ќе наполниш 30 години, повеќе не си млад и јас не се радувам. Што се однесува до лекциите кои ги научив… Можеби не учам лекции, туку го живеам животот без лекции, токму така се чувствувам и ми се допаѓа. Немам големи цели и големи соништа. Сакам мали, како тоа моето семејство да биде здраво. Мојата сопруга, моето дете и целото семејство да се здрави и тоа е дефинитивно најважната работа во животот. Најмногу сакам да ја слушам како ќерка ми се смее како луда. Исто така сакам моите коњи да победуваат на трките. Не ми е потребно ништо големо, среќен сум со мали победи“, вели Јокиќ.

 

 

Јокиќ во интервјуто откри дека и сега да може да бира, повторно би го избрал Денвер нагетс.

„Мислам дека разговарав со некого пред една-две недели и да можам повторно да бирам, би ги избрал Денвер нагетс. Само затоа што мислам дека приказната е неверојатна, тоа е нешто уникатно и мислам дека не би избрал ниту еден друг тим. Мислам дека е нешто повеќе од кошарка“, зборува Јокиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести