Јокиќ: Тие што велат дека во НБА не се игра одбрана, или не следат или се незнајковци

Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, игра на врвно ниво веќе една деценија, водејќи го тимот на Денвер нагетс, кому му ја донесе и првата НБА-титула, а неговите успеси некогаш се потценети, има многу повеќе луѓе кои ќе речат „Во НБА не играат одбрана“.

И тоа му ја крева косата на Србинот… Додека гостуваше во подкастот „Х&O“ што го води Един Авдиќ, Јокиќ објасни детално зошто не се согласува.

„Луѓето велат дека нема одбрана во НБА – тоа е таква една глупост. Кој и да го каже тоа, дали е тренер, мислам дека е неук. Лажам, грешев. Не следи. А, ако следи и го кажува тоа, тогаш е незнајко. Дали Лука Дончиќ играше во Евролигата на 18 години и беше МВП? Дали играше на последното Европско првенство и на сите им двааше по 30-40 поени? Дени Авдија, Јанис, Марканен, Порзингис, Нуркиќ, доминантни се во репрезентацијата. Контрола на скокот – феноменална. Одбрана, банана… Тоа се глупости, еве се изнервирав. Каде е телефонот? Сега ќе ги гледам последните натпревари, вчера игравме против Детроит. Колку беше резултатот? 109-107. Во Евролигата со една четвртина помалку, даваат по 98 поени. Сега Партизан играше со Хапоел со 100 и повеќе поени. Не го разбирам тоа непочитување. Кошарката оди во забрзан ритам, помодерна е, играчите се незапирливи“, рече Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести