Денвер нагетс славеше над Торонто репторс со 121:115 во еде од шесте меча кои ноќеска се одиграа во НБА лигата. Никола Јокиќ повторно беше еден од главните на теренот и најзаслужен за пресвртот што Денвер го направи во последната четвртина.
Српскиот кошаркар дуелот го заврши со 22 поени, осум скокови и девет асистенции и малку недостасуваше повторно да има трипл-дабл. Јокиќ беше најдобар на теренот во моментите кога се „кршеше“ резултатот, па Денвер стигна до 43 победа во 71 меч и е на петото место на табелата во Западната конференција.
Торонто водеше со 94:95 во пресрет на последната четвртина, но Денвер во решавачките 12 минути одигра феноменално и тој период го доби со 36:21 и на крајот стигна до триумф. Освен Јокиќ одлични беа и останатите играчи на Денвер, па дури шестминина завршија со двоцифрен број на поени. најефикасен беше Мареј со 31 поени, а Тим Хардевеј јуниор заврши со 23 поени.
Во останатите мечеви кој се одиграа ноќеска: Бруклин – Њујорк 92:93, Детроит – Голден Стејт 115:101, Хјустон – Атланта 117:95, Мемфис – Бостон 112:117 и Минесота – Портланд 104:108.

