Јокиќ уживаше на рафтинг, потоа заплива, а околу него ечеше МВП (Видео)

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, одлучи дел од одморот да го помине во Босна и Херцеговина и каде и да се појави предизвикува еуфорија, а овој пат тоа беше на рафтинг на реката Дрина.

Јокиќ уште еднаш покажа колку е „обичен и опуштен“, и по враќањето од Италија каде уживање во трките со коњи, се појави во БиХ каде традиционално оди на рафтинг на Дрина.

Во еден момент, кога луѓето сфатија дека во чамецот се наоѓа Јокиќ, почнаа да скандираат „МВП, МВП“. Тој им возврати со насмевка, а потоа одлучи да се разлади и скокна во реката.

https://twitter.com/sarenaczoran/status/1677743297496793088?s=20

- Оглас -

Најнови вести