Кошаркарската репрезентација на Србија освои бронза на Олимпијадата во Париз, но славеше како да освоиле злато. Со оглед на тоа дека нивниот натпревар за третото место се играше во 11 часот наутро, а доделувањето на медалите беше дури после завршувањето на финалето, кое започна во 21:30 часот, српските кошаркари го искористија времето за голема прослава и многу алкохол.
Никола Јокиќ како на теренот, така и надвор од него беше главен, па ја запеа познатата српска песна „Проклета да биде Америка и златото што сјае“. Иако песната, односно насловот, нема никаква врска со кошарката и златниот медал на САД, сепак симболиката се погоди со играта на зборови.
Apsolutni pobednici života pic.twitter.com/65NCvbi8pl
— Kjerke Gor (@GorKjerke) August 10, 2024
Никола Јокиќ и на доделувањето на медалите се однесуваше „сомнително“, не можеше да стои на нозе, а причина за тоа најверојатно беше алкохолот што се испи помеѓу завршувањето на нивниот натпревар со Германија и доделувањето на медалите кое беше околу полноќ.
https://twitter.com/FlouterNET/status/1822395658835263929?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1822395658835263929%7Ctwgr%5Eb37007f268df49c078592f1bd933ae1b847a38a7%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fpogledajte-hit-snimke-slavlja-srpskih-kosarkasa-jokic-pjevao-prokleta-je-amerika%2F2589632.aspx