Кошаркарите на Денвер дојдоа и до шестата победа по ред откако славеа на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс со 116-130. И повторно најзаслужен за победата беше Никола Јокиќ, кој уфрли неверојатни 55 поени, на кои додаде и 12 скока и шест асистенции.
Србинот до ваков ефект дојде само за 33 минути игра, а во последната четвртина играше само две минути. Јокиќ во првата четвртина постигна 25 поени, што е рекорд оваа сезона во НБА-лигата.
Резултати:
Шарлот – Милвоки 111-100
Детроит – Чикаго 124-113
Њујорк – Орландо 107-124
Бостон – Мемфис 131-95
Мајами – Кливленд 116-130
Хјустон – Вашингтон 135-112
Њу Орлаенс – Портланд 117-125
Сан Антонио – Голден стејт 120-125
Далас – Феникс 114-123
Оклахома – ЛА лејкерс 121-92
Сакраменто – Атланта 100-133
ЛА клиперс – Денвер 116-130

