14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Јокиќ за Ѓоковиќ: Кој пат му е ова, 23-ти? Доста веќе!

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, во пресрет на петтиот меч од НБА-финалето доцна вечерва на прес-конференцијата беше запрашан за коментар во врска со Новак Ѓоковиќ, кој вчера ја освои рекордната во машкиот тенис, 23-та гренслем-титула.

„Кој пат му е ова, Бог да те види. По 23-ти пат? Доста е веќе. Се шегувам. Не постојат зборови за него, мајстор на својот занает, веројатно еден од најдобрите што го играле неговиот спорт“, рече Јокиќ.

Кај нашиот северен сосед има и многумина кои му замеруваат на Јокиќ што рече „веројатно“ и сметаат дека требало да каже дека Новак е најдобар на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести