Јокиќ заработи 500.000 долари по меч кој го загуби!

Денвер нагерс неочекувано загуби од Лос Анџелес лејкерс со 93:89 во НБА-лигата. Овој резултат е повеќе од неочекуван ако се знае дека Денвер ги доби девет од претходните 10 меча, а Лејкерс загуби на шест од последните седум средби.

Првата ѕевзда на Денвер, Никола Јокиќ, даде 32 поени, плус додаде девет скока и пет асистенции, но тоа не беше доволно неговиот тим да се радува затоа што имаше слаба поддршка од соиграчите.

И покрај поразот, Денвер од денеска е сигурен учесник во плејофот на НБА-лигата, и тоа благодарение на поразот на Портланд на гости кај Атланта, па Нагетси сигурно не може да паднат под шестото место на Западот.

Пласманот на Денвер во плејофот ја активираше клаузулата на Јокиќ, која вели дека Србинот сега треба да добие бонус од 500.000 долари.

Овој половина милион долари се само ситница во споредба со вкупниот договор што го има Јокиќ. Србинот има договор со Денвер до 2023 година, според кој треба вкупно да заработи 147.710.050 денари. Само оваа сезона тој заработи 29,5 милиони долари.

 

- Оглас -

Најнови вести