Јокиќ заврши во Лувр покрај Мона Лиза (Видео)

Пи-ар тимот на новиот НБА-шампион Денвер нагетс, направи феноменален потег ѝ им покажа на останатите како се работи.

По освојувањето на првата титула во историјата на Денвер, на фотографијата на која Никола Јокиќ заедно со неговата ќерка Огњена, ја слави титулата, навивачите побараа, истата да заврши во најпознатиот музеј на светот, Лувр во Париз.

Пи-ар тимот на Денвер им ја исполни желбата на навивачите, направи видео приказна во која фотографијата на Јокиќ и неговата ќерка, не беше поставена покрај познатите уметнички дела во Лувр, туку „се прошета“ покрај нив.

 

- Оглас -

Најнови вести