Оклахома Сити тандер го победи Денвер нагетс со 127-121 по продолжение, а дуелот во кој еден против друг играа двајцата можеби најкорисни кошаркари во НБА го одбележа и инцидент во кој главна улога имаше Никола Јокиќ.
Србинот направи трипл-дабл и со Џамал Мареј беа предводници на Нагетс, но во еден момент од последната четвртина Лу Дорт на подмолен начин без топка го удри Јокиќ, по што центарот падна, а кога стана, тргна да се тепа со противникот. Претходно, во првата четвртина, Шај Гилџиус-Александер со топка го удри Јокиќ по рамото, за што доби техничка и очигледно намерата им беше да го провоцираат Никола. Инаку Оклахома има 25 победи на домашен терен со што се најдобри во лигата.
Синоќа победија и трите најдобри екипи на Истокот, тоа се Детроит, Бостон и Њујорк. Најинтересно беше во Детроит каде Пистонс го совладаа Кливленд со 122-119, по продолжение од пет минути, а Џејлен Дурен покрај 16-те скока имаше и 33 поени што му е изедначување на личниот рекорд. Селтикс и Никс беа убедливи против Бруклин односно Милвоки.
Jokić and Thunder get HEATED after Lu Dort flagrant 😳
Dort was ejected from the game pic.twitter.com/Mrz52EvLFR
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 28, 2026

