Јокиќ збесна и доби исклучување, но неговиот Денвер победи против најслабиот тим во лигата (Видео)

Никола Јокиќ и неговиот тренер Мајк Мелоун беа исклучени во првото полувреме на гостувањето кај Детроит пистонс, но Денвер нагетс славеше победа од 107-103 во овој меч од НБА-лигата.

Пистонс има 12 порази по ред и во моментов е најслаб тим во лигата. Не дека синоќа Клиповите играа меко, напротив, се бореа колку што можат против актуелниот првак, беа агресивни во одбраната против Јокиќ, а најкорисниот играч во лигата им се налути на судиите што толерираа груба игра, па протестираше бурно и беше исклучен. Јокиќ играше само 15 минути и заврши со 9 поени и по пет скока и асистенции.

Интересни мечеви се играа и во Шарлот, каде што домашните го победија Бостон со 121-118 по продолжение, а Џејсон Тејтум уфрли 45 поени, но утна едно слободно фрлање, со кое можеше да донесе уште едно продолжение.

Лидер на табелата на Западот е Минесота, која го совлада Њујорк со 117-100, а Јанис Адетокумбо втор меч по ред даде над 40 поени и беше најзаслужен за триумфот на Милвоки против Вашингтон од 142-129.

- Оглас -

Најнови вести