Македонската кошаркарска репрезентација првиот претквалификациски циклус за Евробаскетот 2025, го комплетираше со две победи над Данска со 73:70 и над Словачка вечерва со 79:75 во „Кале“.
Заедно со Норвешка, нашите кошаркари имаат максимален учинок во групата Д, по што селекторот Александар Јончевски го истакна своето задоволство, особено по денешниот дуел во кој Македонија мораше да надополнува негатива и со пресврт да слави победа.
„Ова беше многу тежок натпревар за нас, особено на почетокот кога се почувствува заморот на кошаркарите што резултираше со доста загубени топки. На тоа работевме по дуелот со Данска, но на полувреме пак броевме девет грешки од кои противникот реализираше во транзиција и изгради предност. Словачка влезе доста мотивирано во натпреварот, го користеше шутот за три поени, додека ние се обидовме да се браниме со мењавање на одбранбената тактика. Морам да им честитам на момците за прикажаното во овој циклус, тие се најзаслужни што победивме и вечерва, а ја сум среќен за исходот. Сега ни претстојуваат уште два тешки циклуси“, истакна селекторот Јончевски.