Јончевски ги одреди кошаркарите со кои ќе ги финишира претквалификациите за ЕП 2025

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за натпреварите во февруарскиот претквалификациски прозорец.

Иако на списокот се наоѓа Ненад Димитријевиќ, речиси сигурно е дека тој нема да биде дел од квалификациите бидејќи со неговиот тим Уникс игра важен натпревар во ВТБ-лигата.

Сениорите ќе одржат неколку тренинзи во Скопје, а веќе во вторник ќе заминат за Словачка, каде што во Левице ќе го одиграат првиот натпревар од овој прозорец на 23 февруари. Ден подоцна репрезентацијата ќе отпатува за Осло, каде што на 26 февруари ќе го одигра последниот натпревар во овој трет претквалификациски прозорец.

Првиот тренинг на репрезентацијата е закажан за 20 февруари, со почеток од 10. часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
1. Бобан Стајиќ – Пелистер
2. Кристијан Николов – Коњаспор
3. Андреј Магдевски – Донар Гронинген
4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
6. Адем Мекиќ – Темишвар
7. Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт
8. Филип Бакоч – Работнички
9. Виктор Ефремовски – Гостивар
10. Ненад Димитријевиќ – Уникс
11. Андреј Шошкиќ – Работнички
12. Андреј Митревски – Феникс 2010
13. Виктор Ташовски – ТФТ
14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
15. ТиЏеј Шортс – Телеком Бон
16. Теодор Симиќ – Игокеа
17. Амар Хот – Феникс 2010
18. Стојан Ѓуроски – Оуренсе
19. Ваљмир Какруки – Сигал
20. Димитар Пандев – МЗТ Скопје Аеродром
21. Лејсон Зеќири – Сигал
22. Андреј Маслинко – Пелистер
23. Максим Митевски – Гостивар
24. Страхил Николов – ТФТ

- Оглас -

Најнови вести