Александар Јончевски, кој во отсуство на селекторот Драган Бајиќ, ја водеше македонската репрезентација на гостувањето во Грузија, рече дека е задоволен од енергијата со која играл македонскиот тим.
„Грузија заслужено победи, имаат искусни играчи, ние се обидовме да ги запреме Мекфејден и Шермандини, знаевме дека тие ќе шутираат најмногу, некако имавме енергија, но тие беа подобри. Задоволни сме од енергијата, шестмина од овие играчи кои настапија никогаш не играле претходно за А тимот, дебитанти се. Сето тоа со отсуствата на повредените и селекторот Бајиќ, може да бидеме задоволни“, изјави Јончевски.
Грузискиот селектор Илијас Зурос рече дека работата не е целосно завршена, потсети дека в недела во Скопје следува нов дуел против Македонија и ќе се обидат повторно да ја израдуваат грузиската јавност со победа против тим кој, како што кажа Зурос, има добри шутери, особено меѓу високите кошаркари.