Јончевски: „Одлични бевме три четвртини, не заслуживме ваков пораз“

Македонија го загуби и вториот натпревар против Литванија, но се уште има шанси за пласман на Европското првенство. Одлично париравме три четвртини и се до повредата на Ненад Димитријевиќ бевме во игра. Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, е задоволен од играта, иако загубивме со поголема разлика отколку во Скопје.

„Дадовме се од себе, покажавме карактер, начинот на кој игравме три четвртини ме направи горд на мојот тим… Иако овој натпревар заврши со поголема разлика од претходниот, покажавме поквалитетна игра, пожртвуваност, одговоривме на нивниот притисок и  три четвртини одлично им париравме. Беше тоа машка борба. Она што можам да го заклучам од двата меча е дека ни фали игра под кошевите, ни фалат тие ситуации кога треба да го затвориме рекетот и да ги собереме сите промашени шутеви, но и со офанзивен скок да нападнеме, да стигнеме до поени од втора шанса. Денеска имавме вкупно три скока од високите играчи, што е катастрофално за еден ваков натпревар. Го реков тоа и стојам зад моите зборови дека во овој наш тим им талент. Би сакал да потенцирам, тоа се однесува само на овие состави на Македонија и Литванија, јас многу ја почитувам литванската репрезентација и кога би биле комплетни, нивниот талент не би се споредувал со нашиот. Она што го реков беше за овие две селекции кои играа во моментов, се уште го мислам тоа.“ – вели Јончевски.

- Оглас -

Најнови вести