Селекторот Александар Јончевски беше задоволен од победата над Полска.
„Важна победа за нас, не можеме многу да славиме бидејќи не се пласиравме, но победивме тим кој ќе игра на Евробаскетот и кој беше четврти на претходното ЕП. Може да жалиме за првиот меч со Естонија дома. Од овој меч сум задоволен, од прва до последна минута. Покажавме добра кошарка. Имавме огромна желба да ја добиеме Естонија. Реалната слика не беше да загубиме 20 разлика. Да погодевме некои отворени шутеви немаше да биде така“, рече Јончевски.
„Многу е поразличен концептот дали од натурализираните игра Шортс или Хап. Имавме среќа што Полска го немаше Балчеровски и немаа офанзивен скок, почнавме со висока петорка со Лејсон Зеќири како крило, и тој беше одличен. Не можам да направам разлика, двајцата се одлични играчи и момци, и среќен сум што ги имаме како натурализирани, па може да бираме според потребите“, вели Јончевски.