Македонија со поразот од Естонија од 84-65 ги загуби и теоретските шанси да се врати на Европските првенства после пауза од 10 години. Селекторот Александар Јончевски, вели дека сега мора да се насочиме на следните активности и ѝ честиташе на Естонија за пласманот на Европското првенство.
„Имавме добро прво полувреме, направивме се како што се договаравме изминатите денови. Го контролиравме мечот, игравме добра одбрана, постигнавме 38 поени во првото полувреме. Сепак, во второто полувреме промашивме премногу отворени шутеви, а кога се случува тоа против репрезентација како Естонија, која играше одлична одбрана, ја имаше публиката на своја страна, тогаш казната лесно стигнува. Естонија заслужено победи и се пласира на Европското првенство. Ние сега ќе мора да се насочиме кон следните предизвици.“ – рече Јончевски на официјалната прес-конференција.