Јонеску не дочека да се радува со својот пријател и ментор Коби Брајант

Сабрина Јонеску очекувано е изборот број 1 на драфтот во женската НБА лига и ќе игра за Њујорк либерти, откако ноќеска се одржа драфтот за најсилната лига на светот.

За жал 22-годишната девојка по потекло од Романија не дочека да го прослави моментот и изборот како прв пик на драфтот со својот пријател и ментор Коби Брајант.

„Имам само еден избор сега. Да продолжам со твоето наследство“, изјави Јонеску по трагичната смрт на легендарниот кошаркарски ас. Јонеску честопати изјавуваше дека се гордее со пријателството со Коби и неговата ќерка Џиџи, кој исто така загина во хеликоптерската несреќа на почетокот на годинава.

 

Зад Јонеску, како втор пик на драфтот што беше одржан виртуелно поради епидимијата со Коронавирус, Далас вингс ја избра Сату Сабали. Трета по ред е Лорен Кокс, која ќе игра за Индијана фивер.

Еве го комплетниот избор на драфтот од првата рунда:

  1. New York Liberty — Sabrina Ionescu, Oregon
  2. Dallas Wings — Satou Sabally, Oregon
  3. Indiana Fever — Lauren Cox, Baylor
  4. Atlanta Dream — Chennedy Carter, Texas A&M
  5. Dallas Wings (from Phoenix) — Bella Alarie, Princeton
  6. Minnesota Lynx — Mikiah Herbert Harrigan, South Carolina
  7. Dallas Wings (from Seattle, via Conn., Phx) — Tyasha Harris, South Carolina
  8. Chicago Sky — Ruthy Hebard, Oregon
  9. New York Liberty (from Dallas, via Las Vegas) — Megan Walker, UConn
  10. Phoenix Mercury (from LA, via Conn.) — Jocelyn Willoughby, Virginia
  11. Seattle Storm (from Conn.) — Kitija Laksa, TTT Riga (Latvia)
  12. New York Liberty (from Washington) — Jazmine Jones, Louisville

 

- Оглас -

Најнови вести