Репрезентациите на Јордан и Јужна Кореја ќе играат меѓусебе во полуфиналето на Азискиот куп на нации. на двете селекции доволно им беше по еднаш да ја затресат мрежата на денешните ривали за да се пласираат во полуфиналето.
Јордан се радуваше во дуелот против Таџикистан и тоа откако противникот си постигна автогол. Клучниот момент на мечот се случи во 66 минута кога по еден корнер на Јордан, дефанзивецот на Таџикистан, Вехдат Ханонов несмасно реагираше и со глава ја затресе мрежата на сопствениот тим.
Во второто полуфинале, Јужна Кореја со пресврт ја елиминираше Австралија и се радуваше на триумф од 2:1. Пред крајот на првото полувреме Крег Гудвин погоди за водство на Австралија од 1:0.
Јужна Кореја имаше 70 отсто посед на топка, доминираше на теренот, а дури во 90+6 минута стигнаа до израмнување, 1:1. Хванг Хе-Чан ја спаси Јужна Кореја погоди од пенал и се избори за продолженија. Во дополнителните 30 минути, Сон Хеунг-Мин погоди за 2:1 во 104 минута од слободен удар за водство на Јужна Кореја. Дополнителен проблем за Австралија беше и црвениот картон во 105 минута, па Кенгурите немаа сила до крајот.