Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков, е нов тренер на прволигашот Гостивар. За Давитков ова ќе биде враќање во Гостивар после 21 година, со оглед на тоа дека од 1998-мата до 2000-тата беше кошаркар на Никол Ферт, а токму тука ја започна и тренерската кариера, откако го предводеше поранешниот шампион на Македонија се до 2002-рата година.
Давитков освен селектор на Македонија и тренер на Никол Ферт, од клупата предводеше голем број на екипи од Македонија, ни и од Романија, Косово и арапските земји, а беше и селектор на Кувајт.
Гостивар во моментов е на осмата позиција на табелата и се уште му виси пласманот во плеј-офот, а Јорданчо Давитков доаѓа на местото на Никола Димитриевски кој до сега ги предводеше гостиварци.