Светската тенисерка број 1, Белорусинката Арина Сабаленка, се согласи да се омажи за Јоргос Франгулис.
Бразилскиот бизнисмен со грчко потекло ѝ предложи брак на Сабаленка, а таа беше изненадена и му кажа „Да“.
„Ти и јас – засекогаш. 3.3.26“ напиша четирикратната гранслем-победничка.
„Воопшто не очекував ова да се случи денес“, напиша подоцна 27-годишната Сабаленка, покажувајќи го прстенот на прстот.
Арина е во врска со 37-годишниот Франгулис од 2024 година. Тие почнаа да се забавуваат брзо по раскинувањето на Сабаленка со Константин Колцов, кој се самоуби.
Новак Ѓоковиќ, кој е близок и со Сабаленка и со Франгулис, со кого се бизнис-партнери во фудбалскиот клуб Ле Ман, реагираше на „Инстаграм“ со коментар во кој вклучи три срца.

