Лука Јовиќ е прв стрелец во Бундеслигата со 9 погодоци, а до врвот стаса вечерва со два погодоци во мрежата на Шалке 04.
Младиот српски напаѓач е хит во Германија, исто како и неговиот клуб Ајнтрахт Франкфурт, екипа која ги има двајцата топ-стрелци во Лигата.
Шалке 04 загуби со 3:0 во Франкфурт, а го урна балканското трио, потпомогнато со францускиот шпиц Халер. Јовиќ на додавање на Анте Ребиќ го отвори резултатот во 61. минута, а 12 минути подоцна му асистираше соиграчот од српската репрезентација Филип Костиќ.
Печат на убедливата победа на „орлите“ стави Себастијан Халер во 81. минута. Французинот е втор стрелец во Бундеслигата, зад Јовиќ со 8 голови.
Во Серија А во исто време од 18 часот се одигра мечот меѓу Сасуоло и Лацио. Со голови во раната фаза, до 15. минута, мечот заврши нерешено, 1:1.