Лука Јовиќ го јаде Килијан Мбапе со плата (Фото)

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ е најдоброплатениот млад фудбалер во Европа со неделна заработка од 430 илјади евра, а зад него е светскиот првак Килијан Мбапе.

Францускиот ас кој игра за Пари Сен Жермен има неделна плата од 380 илјади евра. Веднаш зад нив е Жоао Феликс, играч на Атлетико Мадрид, кој го одбележа последниот летен трансфер-период со рекорден трансфер вреден 120 милиони евра. Феликс пристигна во Мадрид од Бенфика, а има договор што му гарантира неделна плата од 300 илјади евра.

Во топ-5 е и Матајс де Лихт, стоперот на Јувентус, со неделни 290 илјади евра и Кристијан Пулишиќ од Челзи со 270 илјади евра.

Во идеалниот тим од 10 најплатени млади играчи на Стариот Континент се уште и: Дембеле од Барселона, Рашфорд од Манчестер јунајтед, Хадсон-Одои од Челзи, Донарума, кој брани за Милан, и Санчо од Борусија Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести