Јовиќ искрено: Проблемот во Реал беше што не добивав доволно минутажа

Лука Јовиќ, напаѓачот на Реал Мадрид кој од неодамна се врати во Ајнтрахт Франкфурт на позајмица, искрено проговори околу причините зошто пропадна неговата кариера на „Сантијаго Бернабеу“.

Српскиот репрезентативец посочи дека не добивал доволно минутажа, но исто така повредите и лошите одлуки во приватниот живот влијаеле врз неговата форма.

„Во Реал никогаш не е лесно бидејќи таму притисокот секогаш е голем. Работите тргнаа во лоша насока бидејќи не добив доволно шанса да се истакнам. Повредите и некои лоши потези во приватниот живот исто така ми влијаеја. Дадов само два гола во периодот кога бев во Мадрид, а сега, откако се вратив во Ајнтрахт, веќе запишав три погодоци. Секако дека некогаш е добро да се направи чекор назад, за доброто на кариерата. Сепак, немам лошо искуство, ми беше чест што добив прилика да играм и да тренирам покрај светски фудбалери, кои ми помогнаа да бидам уште подобар“, посочи старо-новиот член на екипата од Франкфурт.

 

- Оглас -

Најнови вести