Јовиќ ја врати Србија од мртвите, Словенците во шок (Видео)

Словенија и Србија одиграа 1-1 во првиот денешен меч на Европското првенство во фудбал, и сега Словенците имаат два бода, а Србите еден, и двата тима имаат шанси да се пласираат во осминафиналето.

Словенија беше на прагот на историска прва победа на европските првенства, но во 96-та минута беа шокирани од Лука Јовиќ. Голот на Јовиќ погледнете го ТУКА.

Стрелец на голот за Словенија беше Жан Карничник, фудбалер на клубот Целје, со што стана прв играч од словенечката лига кој постигнал гол на едно ЕП.

Србите ако ја победат Данска во третото коло, може да се надеваат дека ќе се пласираат во осминафиналето.

Ова е голот на Словенците:

- Оглас -

Најнови вести