Јовиќ: Најдобри сме кога мора да победиме

Репрезентацијата на Србија успеа да дојде до нерешен резултат 1:1 против Словенија во последните секунди од натпреварот.

Стрелец беше Лука Јовиќ, а напаѓачот веднаш по мечот во Минхен изјави дека овој гол е исклучително важен.

„Многу ни значи затоа што ќе имаме за што да се бориме во последното коло“, изјави Јовиќ.
„Беше многу добар, квалитетен натпревар, со висок ритам. Очекувавме таков натпревар и морам да ја пофалам селекцијата на Словенија. Многу позитивно ме изненадија. Можевме да дојдеме и до победа, имавме гол-ситуации во последните 20 минути,“ дополни стрелецот на голот за Србија.

Против Данска, нашиот северен сосед ќе мора да победи.

„Тогаш сме најдобри, кога мораме да победиме. Ќе дадеме сè од себе“, истакна Јовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести