Фудбалерите на Милан со гол постигнат во 90-та минута успеаја да освојат бод на гостувањето кај Салернитана играјќи 2:2.
Херој на Росонерите е Лука Јовиќ кој голот за реми го постигна во 90-та минута и уште еднаш покажа дека игра во сè подобра форма.
Фудбалерите на Милан го постигнаа и првиот гол на натпреварот и тоа во 17-та минута преку Фикајо Томори.
Салернитана во финишот на првиот дел успеа да израмни преку Фазио, а Кандрева во 62-та минута даде гол за 2:1.
Фиорентина со голот на Белтран како гостин ја победи Монца, а гостите славеа и на другите два меча. Лацио го победи Емполи со 2:0, а Џенова беше подобра од Сасуоло со 2:1.