Милан го победи Каљари со 4-1 и се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија. Милан, кој 20 години го нема освоено Купот, во следната фаза ќе се сретне со Аталанта или Сасуоло.
Првите два гола за Росонерите од Милано беа дело на Лука Јовиќ по асистенции на Тео Ернандес. Од 5 декември наваму, ниту еден играч од клубовите во Серија А нема дадено повеќе голови од Јовиќ во сите натпреварувања. Лука изгледа конечно како да се пронајде себеси и почна да игра како што се очекува од него.
Третиот гол за Милан го даде Шака Траоре, 19-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска, за кого ова беше прв погодок за сениорскиот тим на гигантот од Милано. Гол даде и Рафаел Леао, кој влезе во игра на местото на Траоре.
Ова е голот на тинејџерот Траоре:
Chaka Traore’s first goal for #Milan!! #SempreMilan #MilanCagliari
pic.twitter.com/qxcnWc9c0d— Milan Empire (@MilanEmpire) January 2, 2024