Дефанзивецот Дарко Велковски на денешниот пријателски натпревар против Хрватска слави „сребрен“ јубилеј во дресот на националниот тим. Тој го игра 50-тиот натпревар за македонската фудбалска репрезентација.
Пред почетокот на мечот на „Рујевица“, Дарко Велковски доби подарок од ФФМ, врамен македонски дрес со бројот „50“.
Спортскиот директор Дени Масев му го додели подарокот на Велковски непосредно пред стартот на натпреварот.
Интересно е дека и кај Хрватите има славеник. Матео Ковачиќ, кој денеска е и во улога на капитен, го игра 100-тиот натпревар за Коцкестите.