23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Јубилејниот погодок на Гризман донесе голема победа за Атлетико во Билбао

На Атлетико Мадрид доволно му беше да постигне еден гол за да стигне до трите бода на тешкото гостување во Билбао против Атлетик. Антоан Гризман беше стрелец на погодокот вреден победа за гостите и тоа на почетокот од второто полувреме, односно во 47 минута.

Интересно е дека шутот по кој Гризман погоди беше и единствен прецизно упатен удар на гостите кон голот на Атлетик Билбао. За Гризман ова беше јубилеен 100-ти погодок во дресот на Атлетико на дуели во шпанското првенство. Тој е само шестиот играч во клупската историја со троцифрен број погодоци во домашниот шампионат.

Со оваа победа Атлетико стигна до 19 бодови и сега е веднаш зад водечкиот двоец Барселона и Реал Мадрид  кои имаат по 22 бодови и сега ги чека меѓусебниот дуел, односно Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести