Јубилејно коло како измислено за добивки на Спортска прогноза

Велат сите патишта водат кон Рим, а таму в недела ќе се игра фудбалското градско дерби помеѓу Рома и Лацио и тоа е најинтересната двојка од 20-тото коло на бесплатната Спортска прогноза за оваа сезона. Доколку го погодите исходот на овој меч, можеби ќе ви биде полесно да ги погодите другите парови во основната понуда од 13 дуели.

Вашите типови веќе можете да ги ставате на интернет-страницата на Sport Life најдоцна до сабота во 15 часот, за кога е закажан почетокот на натпреварот СПАЛ – Болоња. Половина час подоцна играат Унион Берлин и Аугсбург, а саботната програма ги нуди и мечевите Саутхемптон – Тотенхем, Портсмут – Барнсли, Алавес – Вилјареал и Торино – Аталанта.

Претходното, 19-то коло покажа дека не мора ништо да значи ако ги погодите сите саботни мечеви, ако не ги погодите и неделните. За недела ги нудиме дуелите Селта – Еибар, Сампдорија – Сасуоло, Парма – Удинезе, Вердер – Хофенхајм, Јанг бојс – Базел и Рома – Лацио како шлаг на тортата.

Лацио има низа од 11 победи по ред во Серија А, веќе им се вмеша на Јувентус и на Интер во трката за титулата, а ова ќе биде сериозен тест за Орлите од Рим. Ако ја победи и Волчицата, Лацио дефинитивно ќе биде кандидат за Скудетото.

Колото завршува со понеделничкиот дуел од Франција помеѓу Ле Авр и Троа.

Резервни парови се Валенсија – Барселона и Наполи – Јувентус.

Потсетување дека премија за секое коло е прекрасниот IPhone XS што го доделува Sport Life за погодени 13 парови од основната програма.

Секако, многу е важно да се погодат и резервните двојки, а поените од резервните парови се калкулираат во битката за Генералниот пласман. Тука подолг период лидер е Христијан Т., кој со 140 поени во моментов цврсто го чува врвот на табелата. Наградата за шампионот во Генералниот пласман е ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе се додели по завршувањето на втората сезона на Спортската прогноза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести