Јубилејното коло на Спортска прогноза е највозбудливо досега

Патот до посакуваниот и примамлив IPhone XS е доста тежок, но за секоја убава награда, потребен е труд. За разлика од претходните кола, на прогнозерите сега ќе им биде потешко да се одлучат како би ги типувале новите 13+2 парови во јубилејното 10-то коло на Спортска прогноза.

Има доста возбудливи натпревари, односно големи дербија. Фокусот паѓа на случувањата на „Енфилд“, каде што лидерот Ливерпул го пречекува актуелниот првак Манчестер сити. Црвените на Јирген Клоп уште се непоразени во Премиер лигата, а овој меч ќе им биде најголем предизвик да го одржат тој статус. Воедно се во серија од пет победи во сите натпреварувања, односно непоразени на 12 меча во сите конкуренции по оние 2-0 против Наполи.

Сити, пак, по претрпениот шок од Вулверхемптон, нареди пет триумфи во низа со гол-разлика 15-3, така што фудбалерите на Гвардиола во врвна форма ќе дојдат на Мерсисајд да ја расипат бајката на Ливерпул.

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се клубовите кои доминираат во Бундеслигата во последните неколку години, па затоа мечот на „Алијанц арената“ е посебно атрактивен. Борусија Менхенгладбах моментно е лидер во германското првенство, но секако дека Баерн и Милионерите остануваат главни фаворити за тронот.

Марсеј – Лион е француското дерби од кое се очекува да биде пекол. Старите ривали секогаш приредувале драматични дуели, а особено ќе биде интересно да се види како Руди Гарсија, тренерот на Лавовите, ќе биде пречекан на „Велодром“ од најверните фанови на Марсеј бидејќи до неодамна стоеше на кормилото на нивната екипа.

За освојување на „ајфонот“ во тековното коло, треба да се погодат сите 13 мечеви од понудата на бесплатната игра. Дури и да се биде на чекор или два од Среќна 13-ка, има подготвено подароци за најдобрите. За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life обложувалниците, додека 11-ка носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести