Југословенската легенда објасни се: Пеле беше фудбалски бог, го пречекуваа како да е претседател на држава

Драган Џајиќ беше еден од најдобрите фудбалери во ерата на неприкосновениот Крал на фудбалот, Едисон Арантес до Насименто Пеле, кој почина вчера на 82-годишна возраст.

Светот на фудбалот и општо спортистите и обичните луѓе се простуваат од популарниот Крал на фудбалот и единствен играч што трипати бил светски првак.

Со Бразил ја освојуваше Златната божица во 1958, 1962 и во 1970 година.

„Многу ми е жал. Беше фудбалски симбол на нашата генерација и едноставно недостижен за сите. Го гледаа како бог, затоа е и прекарот Крал на фудбалот, а го дочекуваа во сите земји како да е претседател на Бразил. Многу го ценев и многу ми е жал што си замина од овој свет“, изјави Џајиќ.

Тој ја раскажа и интересната анегдота од последната средба со Пеле.

„Бевме на прием во нашата амбасада во Бразил и како капитени на двете репрезентации си помуабетивме. Ме изненади со прашањето дали му го донесовме телевизорот од Југославија. Јас му кажав дека ништо не ни пратија. Потоа искрено не знам што се случи, но јасно беше дека му ветиле дека ќе му испратат ТВ-приемник“, ја раскажа случката со Пеле, Драган Џајиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести