Јуначка победа на младите Холанѓани против фаворитот на младинското ЕП

Холандија изненадувачки со победа од 1-0 ја елиминираше Португалија од Европското првенство за фудбалери до 21 година.

Португалците доминираа во групната фаза во која ги добија сите три меча и тоа без примен гол, но се сопнаа на првиот меч во нокаут фазата и тоа на меч на кој 70 минути имаа човек повеќе (исклучен беше Рубен Ван Бомел, син на легендара марк Ван Бомел) и не реализираа пенал во првото полувреме.

За Холандија ова ќе биде седмо полуфинале на младинските европски првенства, а ќе се обидат да ја освојат третата титула по оние во 2006 и 2007 година.

- Оглас -

Најнови вести