Ракометната репрезентација на Португалија направи вистински подвиг, победувајќи на гостувањето кај Холандија со седум голови разлика, 35-28, и се пласираше на Светското првенство 2023.
Првиот меч во Португалија, Холанѓаните го добија со три гола разлика (33-30), но денеска во Ајндховен, гостите се радуваа и наплатија со камата за поразот од пред три дена.
За Португалците, ова ќе биде петто учество на Мундијалите, а второ по ред, откако играа и лани.