МЗТ Скопје со многу мака го доби дербито на Аеродром против вториот тим со 92:84, а имаше драматична завршница што, сепак, му донесе успех на сениорскиот тим.
Помладите кошаркари од погнот на МЗТ Скопје одлично го почнаа братското дерби и по првата четвртина имаа предност од 10 поени, 13:23.
Потоа се случи голем пресврт, сениорите се разиграа и пред стартот на последниот период од 10 минути имаа 7 поени предност, 70:63.
Вистинска драма се случуваше во самиот финиш и младите кошаркари на МЗТ Скопје Унибанка намалија на 85:84, но немаа сили за подвиг и комплетен пресврт.
Роберт Рикиќ беше одличен во победничкот табор со 20 поени, а промаши само еден од вкупно 7 шута за два поени и едно слободно фрлање од вкупно 9.
Милошевиќ постигна 17 поени, а Робев и Мекиќ уфрлија по 14 поени.
Кај младинците на МЗТ Скопје се истакнаа Ренсом со 21 поен и Џигитоглу со 20 поени.