Малме – Лудогорец 2-0, Бенфика – ПСВ Ајндховен 2-1 и Јанг бојс – Ференцварош 3-2 се резултатите од вечерашните први плејоф-мечеви за влез во групите од Лигата на шампионите во фудбал.
Најинтересно беше во Берн, каде што швајцарскиот тим го совлада унгарскиот, иако од 25-тата минута, домашните играа со човек помалку. При резултат 1-1, можеби неоправдано беше исклучен Хефти од Јанг бојс, но Унгарците утнаа пенал. Потоа Ференцварош постигна гол кој, сепак, беше поништен, а драмата продолжи во 40-тата минута, кога Јанг бојс даде прекрасен гол за водство од 2-1. Јанг бојс даде уште еден гол со човек помалку, но Ференцварош погоди уште еднаш за минимален пораз.
Sierro bringt YB gegen Ferencvaros 2:1 in Führung. #Bscyb. pic.twitter.com/EOkCSHQFYB
— Zum Runden Leder (@zumrundenleder) August 18, 2021