Себастијан Але јуначки ги издржа сите проблеми, а беа големи, откако му беше дијагностициран рак на тестисите и денеска на блескав начин ги постигна првите голови за Борусија Дортмунд по кам-бекот.
Але беше немилосрден за одбраната на Базел и за само 7 минути постигна хет-трик.
Од 81. до 88. минута на пријателскиот меч Себастијан постигна три гола, први откако се врати на терен.
Борусија го победи Базел со 6:0, а на Але се последните три гола на пријателскиот меч.
Само што пристигна во клубот како замена за Ерлинг Халанд, Але се соочи со непријатни вести дека има рак на тестисите.
Мина неколку месеци на рехабилитација и процес на хемотерапија, а потоа мораше да замине на операција.
За среќа се мина во најдобар ред и Але пак игра фудбал, а денеска со блиц-криг и три гола за само 7 минути покажа дека ќе биде одлично засилување за Милионерите од Дортмунд.