Јунајтед, Арсенал и Челзи влегуваат во „војна“ за фудбалер од 120 милиони евра

Манчестер јунајтед, Арсенал и Челзи тргнуваат во голема битка по потписот на фудбалерот од средниот ред на Вест хем, Деклајн Рајс. Неговата вредност во моментов е проценета на 120 милиони евра, колку што бара и неговиот клуб за да го ослободи од обврските.

Според „Дејли мејл“, Арсенал не сака да се расфрла со пари и во моментов се обидува да ја спушти цената на Рајс, но оваа сума не е проблем за Манчестер јунајтед и за Челзи, иако Рајс јасно кажа дека следната сезона сака да игра во Лигата на шампионите“.

Арсенал веќе има обезбедено пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, па има најголеми шанси да дојде до потписот на Рајс, но во моментов проблем се 20 милиони евра, колку што сакаат Топџиите да ја спуштат цената за фудбалерот од средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести