Јунајтед е фаворит во финалето, а Солскјер вели дека шансите се 50/50

Манчестер јунајтед и Вилјареал се подготвуваат за финалето во Лигата на Европа кое утре ќе се одржи во Гдањск, а Оле Гунар Солскјер вели дека шансите се изедначени за двете екипи.

Иако според квотите во Sport Life; Црвените ѓаволи со 1.95 коефициент за победа во 90 минути се прогласени за фаворити, норвешкиот стратег одбива да се стави во таа позиција.

„Патот до финалето беше долг и тежок за двете екипи. Секако, кога доаѓате во позиција да се борите за трофеј, притисокот и очекувањата се големи. Ние планираме и посакуваме да ја завршиме сезоната со пехар, но сигурен сум дека и Емери и неговите играчи исто така сонуваат за трофејот. Во ваква ситуација, шансите се 50/50 за двете екипи, бидејќи многу работи да се случат неочекувано. Може да примиме гол во првата минута, па затоа мора да бидеме подготвени на секакво сценарио“, посочи Солскјер.

Што се однесува до Јунајтед и Солскјер, се чекаат вести околу капитенот Хари Мегваер и неговата повреда која засета го оддалечува од настап во финалето, но сепак ќе се чека до последен миг.

- Оглас -

Најнови вести